Не сум богато дете без талент: Ќерката на Мадона сака да стане попозната од мајка ѝ
Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, е решена да стане попозната од нејзината славна мајка, и со години е дел од одредени уметнички комуни во Бруклин, за кои многумина велат дека се всушност култови.
Кога вашите родители се „суперrsвезди“, логично е вие да сте во нивната сенка некое време (а, некои живеат така до крајот на животот).
Всушност, има малкумина кои успеале да станат попознати од нивните родители, но Лурдес Леон, ќерката на Мадона, е убедена дека светот допрва ќе чуе за неа.
И не само тоа. Во неодамнешното интервју за Вог, на чија насловна страница беше заедно со со Каја Гербер и Бела Хадид, таа рече:
„Луѓето мислат дека сум неталентирано богато дете на кое му е дадено сѐ во животот, но тоа не е вистина.“
Извор: ИнстаграмКако што вели, сама заработува и не се потпира на парите на нејзината мајка, „кралицата на попот“.
Во интервјуто, таа откри дека сама си платила за факултетско образование, и го избрала Бушвик во Бруклин како место на живеење, каде што може подобро да се вклопи во уметничкиот тим.
Исто така, Лурдес истакна дека таа го наследила талент за танцување од нејзината мајка.
„Еден од моите професори ме научи на движењето на сосема поинаков начин.“
„Ние ги користиме нашите тела за да го дефинираме просторот околу себе, да го промениме. Тоа е многу гол стил на изразување" - објасни Лурдс.
И навистина, не е чудно за овој млад модел да испраќа пораки низ телото.
Уште во 2019 година, таа учествуваше речиси целосно гола во уметнички перформанс каде беа симулирани оргии за време на биеналето.
Извор: MCCFL / SPLASH / PROFIMEDIA
И оваа година таа се појави со небричени пазуви, како на црвениот тепих, така и на плажа со момчето.
фото: BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIA