Не знаеш на кој факултет да се запишеш? Подаруваме неколку совети!
Полека, но сигурно се приближуваат деновите и роковите кога треба да се запишеш на факултет, а ти се уште не знаеш каде се гледаш за неколку години?
Не грижи се, секој не ја одбира идната професија во прво одделение. Некои луѓе едноставно многу долго се „бараат“ и кога ќе дојдат до некој клучен момент во животот, како што е изборот на факултет не знаат што да прават со себе.
Доколку имаш сличен проблем, прочитај ги неколкуте совети како полесно да донесеш конечна одлука што да студираш.
# Пресметај го просекот од оценките – пред да започнеш да размислуваш за афинитите и она што те привлекува, погледни ја реалната слика на твоите оценки. Тоа за почеток ќе ти го намали изборот на факултети на кои можеш да конкурираш.
# Природни или општествени науки? – подобро се снаоѓаш со математиката, хемијата и физијата или пак со историјата, географијата или јазиците? А може во посебна категорија да ги вброиме и уметничките предмети како што се ликовно и музичко. Кога ќе ги сортираш сите факултети по категории , ќе ти биде полесно да го намилиш изборот.
# Идната работа – размислувај неколку години нанапред во смисла на кое работно место твојот факултет би можел да те однесе. На пример, ако не поднесуваш деца, секако дека просветната работа нема да дојде предвид. Или доколку не поднесуваш крв никако не би можел/а да размислуваш за медицина.
# Твоето здравје – имај ги на ум сите свои физички предиспозиции или ограничувања. На пример, доколку имаш проблеми со видот, факултетот кој ќе те однесе на некоја канцелариска работа каде што ќе седиш 8 саати дневно зад компјутер не е добра идеа. Исто така би било луда да сакаш да студираш шумарство или земјоделство, доколку си алергичен/алергична на голем број билки.
# Работни навики – како за крај, не го заборавај најважното, реално да ги согледате своите работни навики. Колку ќе бидеш во состојба на дневно ниво да поминуваш време над книгата и сам/а да се организираш и решаваш испитите. Не залудно велат дека факултетот не го завршуваат само паметните, туку и они упорните и вредните. Нема секој факултет еднаква поделба на практичниот и теоретскиот дел, па секако распрашај се кај старите студенти колку она што го студираат бара да се вложиш и колку ти со твоите работни навики би успеал/а да се снајдеш.