НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Еден хороскопски знак е презаситен, останатите во љубовен занес!

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Еден хороскопски знак е презаситен, останатите во љубовен занес!

Овен

Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумина ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска. Веројатно ви претстои поголема материјална добивка. Ценете го трудот на секого , но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво сопствена заслуга. Сепак , најдете налчин како да им се заблагодарите на соучениците.

Бик

Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост кон некого , зашто така одредуваат правилата на однесување. Во сејкој случај , не е многу типично за вас. Моралните двоумења ќе ве следат во текот на целата недела. Пред вас е се повеќе отворен пат за развој на професионален план . Кај некои ќе се покаже како се подобро поврзување или соработка со соучениците.

Близнаци

Пред вас се денови со добри, но не големи љубовни шанси. искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата меѓу вас и партнерот. Исто така е потреббно да примените самоконтрола, зашто повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сето ова. Следува поддршка од други за она што го правите, а со тоа ќе дојде и потребата за да се направите малку важни. Нема потреба за тоа . Подобро само работете на себе, а подоцна пуштете ги другите само да ве фалат . Така ќе биде поуверливо.

Рак

Овие денови ќе ве следат убави љубовни шанси . Искористете го тоа за да уживате или некому да искажете љубов. Некои повремено ќе чувствуваат недостиг на привлечност , па ќе смислуваат настани за кои нема реална основа. Ако не ви е здодевно , помогнете му на некого. Многу обрвски доаѓаат до својот крај . Ќе има и такви кои поради околностите ќе заминат порано на годишен одмор.

Лав

Ќе им бидете интересни на другите, заводливи , шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои може да остварите пријатни познанаства , а можеби и многу повеќе. Немојте да останете сами , зашто ова се денови кога имате зголемени шанси да најдете вистински партнер. На дневен ред доаѓаат амбициите . Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од школувањето. Нови очекувања се пред вас , но за нивното остварување ќе треба да биде поставена и нова основа.

Девица

Ако сакате да освоите некого , бидете подискретни. Ако сте во врска премолчете ја критиката кон партнерот. Другиот дел на неделата ви носи подобри љубовни шанси , но се уште не се такви за да може да се размавтате. Одете чекор по чекор , па резултатите ќе бидат потрајни. Со задоволство ќе покажете што знаете , но чувствувате дека се уште не е време за тоа. Во право сте. некои работи подобро ќе дојдат до израз доколку почекате уште само малку. Затоа сега оставете ги скриени , па дури и ако истрпите и мала фрустрација.

Вага

Ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Ќе имате право, но овие денови би можеле да ви донесат задоволство ако успеете да ги дефинирате своите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и спроведете мала лична анализа. Преиспитајте се малку подлабоко. Оние кои искрено се преиспитале , знаат што треба да прават и ќе тргнат во таа насока. Оние кои уште не размислиле за себе , веројатно ќе се соочат со последиците на сопствените амбиции и дури сега ќе увидат каде згрешиле. Тоа е чекор напред.

Шкорпија

Вашиот личен живот деновиве ќе се врти околу вашите пријатели. Како да сте заборавиле дека може да бидете во двојка и целосно ќе се предадете во дружење во група. Вашата најдрага личност би можела да ви забележи за тоа и да се чувствува запоставено. За да го поправите она што сте го замислиле, морате дасе отворите и повеќе да соработувате со други. Ставот дека некој кој самиот по себе е доминантен , не е добар, а особено не кога тоа го мислите за себе. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно , а тогаш и полесно.

Стрелец

Ќе ви се присторува како љубовта да ви бега за милиметар. Тоа ќе ве нервира и натажува. Треба да разберете дека не е се во вашиот настап , туку и дека другата страбна има свои права. Некои не сакаат да бидат искористувани , па меѓу нив и вашиот љубовен партнер. На некои ќе им биде понудено да бидат главни и во тоа ќе може да се снајдат повеќе од добро. Затоа не се мислете , туку искористете ја можноста најдобро што можете. Ќе треба само да подготвите некои детали. Приберете се на време.

Јарец

Ќе имате добар ветар во грбот кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отовраат многу врати полесно отколку вообичаено , ќе бидете позитивни на интересни дружења и на интересни места. Ако сте сами , прифатете ги поканите и тргнете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат. Вие ќе станете важна фигура во вашето окружување. Затоа , немојте да бидете премногу скромни , туку дозволете си себеси да ги покажете послободно сопствените амбиции. Отворете се и бидете она што сте.

Водолија

Заситени од излегувањата и забавите, ќе побарате мир и повлекување. најдобро ќе се чувствувате дома , а ако саканата личност е со вас, уште подобро.Оние кои се сами , сепак повеќе време ќе минуваат во друштво, а истовремено како нивната фантазија да нема граници. За да ги завршите сите обврски, ќе мора да се отворите и повеќе да соработувате. Не треба да имате став дека на некого работите ќе му паднат од небо заедно со заслугите.

Риби

Ќе увидите дека понекогаш се потребни и мали чекори за да се дојде до нечие срце. На тој начин дискретно ќе освојувате. Ќе бидете речиси невидливи, а кога ќе се покажат резултатите , на другата страна ќе и стане јасно дека токму вие сте личноста што ја барала. Издржете. Можеби ќе ви изгледа како да ве притискаат од сите страни , но всушност станува збор за предизвици на кои треба да одговорите за да дојдете до што подобри резултати. Пред вас е мала борба во која ќе треба да се покажете како борец.

Можеби ќе ве интересира: