НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Еден знак копнее по нежност, друг по рамнотежа

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Еден знак копнее по нежност, друг по рамнотежа

Овен

Повторно ќе се фокусирате на скриените односи. Ќе ве интересираат тајни, а некои ќе започнат непотребни озборувања. Не сте сигурни како ќе се поставите во еден однос. Затоа ќе бидете балансирани помеѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Бик

Ќе ја заборавите сентименталноста и ќе се фатите во коштец со реалноста. Тоа ќе биде здраво, а ќе ви ги подобри и односите. Она што моментално ве мачи ќе го спакувате во паметен говор во себе, но сепак прво преспијте.

Близнаци

Станувате се појасни дека ви треба повеќе внимание од саканата личност. Некако не сакате да играте како што ви свират. Се уште не сте во најдобра форма, но сте подготвени да се прилагодувате толку колку што е потребно.

Рак

Како што поминуваат деновите ќе забележете дека има подобрување во емотивните односи. Не треба да направите ништо посебно, освен да се отворите. Звучи едноставно, но не е секогаш лесно изводливо. Клучот е во искреноста.

Лав

Со својот настап, однесување и зборови ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол како магнет. Сепак, доколку не сте имале некој проблем кој ви се вовлекол, со него ќе мора да се соочите на непријатен начин.

Девица

Вашата чувствителност и потреба за нежност ќе биде зголемена, а надворешните односи нема да ви одат од рака. Поубаво е на лицето да се види насмевка, отколку нешто друго. Со таа мисла ќе ги поправите емотивните односи.

Вага 

Најдобро ќе се чувствувате во поголеми групи луѓе. Со задоволство ќе излегувате со пријателите. Доколку сте во врска, со себе земете и саканата личност во друштвото. И таа и вие ќе се чувствувате поубаво заедно.

Шкорпија 

Рамнотежата која повторно ја чувствувате во вашата врска ќе ве поттикне на смели љубовни дејствувања. Не постои ништо што би можело да ве оддели од саканата личност. Добрите намери и околности кои ви одат од рака се тука.

Стрелец

Луѓето од вашата блиска околина ве наведуваат на зголемено движење и ќе успеат да создадат можности за да се сретнете со нови личности. Би можеле да се најдете на многу интересен друштвен или социјален собир.

Јарец

Ќе се ослободите од некои грижи сфаќајќи дека вас ве оптеретуваат непотребни работи. Ќе се фокусирате на она што го имате. Ќе биде тоа вистински знак на зрелост кој ќе ја освежи вашата врска.

Водолија 

Ќе чувствувате благо олеснување, бидејќи ќе создадете можности да ја прифатите реалноста. Сепак, далеку од вашите соништа. Се уште ќе бидете склони кон идејата да се повлечете во својот свет на мечтаење и самотија. Не правете го тоа на себе. 

Риби

Друштвеноста и комуникативноста ќе бидат карактеристики кој ќе можете да ги покажете во својот приватен живот. Иако во себе чувствувате дека во таа смисла сте посилни, можноста за вербални недоразбирања и кавги со партнерот ќе биде еднакво силна.

Можеби ќе ве интересира: