НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Кај еден знак заладување на односите, кај друг поволен период
Овен
Поволна недела е пред вас. Дома нема да имате стресни околности. Кога е во прашање љубовта, ве очекува многу поволен период за флерт, како и за почеток на нова врска.
Бик
Посветени сте на обврските поради што ќе ве очекуваат посакуваните промени. Кога е во прашање љубовта, се подготвува период во кој со саканата личност ќе имате дистанца и заладување на односите.
Близнаци
Ве очекува поволна недела во која многу лесно ќе ги решавате сите дилеми и проблеми. На полето на љубовта ви следи период во кој ќе сакате слободна врска.
Рак
Можно е многу работи да се одвиваат неочекувано за вас. Кога е во прашање полето на љубовта, подготвени сте да се посветите на партнерот, но постојано ви пречи неговата љубомора.
Лав
Може да очекувате дека ќе бидете изненадени со некој пресврт кој доаѓа набрзо, од страна на некој ваш пријател. На полето на љубовта ви се подготвува поволен период за почеток на сериозна врска.
Девица
Пред вас е период во кој ќе бидете максимално посветени на своите обврски. Напорно ќе работите. Кога е во прашање љубовта, не сакате промени, дури ни дококлу сте сами - самотијата ви годи!
Вага
Можете да се надевате на позитивни околности. Ќе бидете задоволни со развојот на ситуацијата - судбината ви е наклонета. Кога е љубовта во прашање, можете да очекувате почеток на убава врска.
Шкорпија
Ве очекува фаза во која ќе имате проблеми. Кога е во прашање љубовта, кавгите во врската ќе ви станат секојдневие.
Стрелец
Пред вас е период во кој би можеле да бидете склони кон проблеми. Доколку сте во врска, со саканата личност комуникацијата полека ќе се поправи.
Јарец
Можно е успеете да ги подобрите околностите во домот. На полето на емоции ви следат промените кои ги сакавте со саканата личност.
Водолија
Наредниот период ви носи можни компликации, па важно е самите дополнително да не си правите проблеми. На полето на емоции ни самите не сте сигурни што сакате или кого сакате.
Риби
Можно е полето на образование да имате некои застои. Важно е да покажете трпение за да се решат работите. Кога е во прашање љубовта, се подготвува период во кој ќе имате некое разочарување од страна на саканата личност.