НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Љубовта им цвета на 3 хороскопски знаци, Јарецот ја заборава саканата личност!
Овен
Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба. Ќе имате се повеќе обврски. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои соученици ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно.
Бик
Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами. Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. Размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални?
Близнаци
Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите, зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас. Продолжувате да развивате се подобра иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното.
Рак
Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност. Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно, а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови.
Лав
Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го. Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да трудите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настаните ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна.
Девица
Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едноставно сакајте. Така ќе биде најдобро. Ќе се засили кореспонденцијата со ученици од друго одделение/клас. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате искуства. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи.
Вага
Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет. Вашето влијание на училиште ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соучениците , што може да влијаат на натамошниот развој на настаните , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива.
Скорпија
Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се. Колку долго сонувавте за некои успеси , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на училиште. Подготвени сте за такво нешто.
Стрелец
Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок, па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите, но со смисол за хумор. Следните денови училиштето најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На училиште ќе функционирате рутински. Ќе го направите она што морате и ќе бидете далеку со духот.
Јарец
Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата. Доколку нешто треба да се менува , менувајте. Направете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да се трудите. Важно е да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас.
Водолија
Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување, за да ги издржите сите предизвици. Пред вас се работни денови полни со предизвици, со зголемена одговорност, како и контрола. Затоа бидете подготвени, потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности.
Риби
Вашите лични односи добро ќе се развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер, па не им придавајте значење. Објективно, вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот, туку одете таму каде што мислите дека припаѓате. Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да направите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она кон што целат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе.