НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Некои знаци очекуваат љубовен состанок, а други ќе бидат заљубени до уши!

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Некои знаци очекуваат љубовен состанок, а други ќе бидат заљубени до уши!

Овен

Оваа недела ги имате сите предиспозиции за да бидете успешни, гледајте тоа да го искористите на добар начин. Постои незадоволство од страна на една личност која станала студена кон вас.

Бик

Ги решивте сите проблеми кои ве мачеа, а сега сте преокупирани со дружбата со пријателите. Тоа е она што ви е потребно. Ви годи односот кој го имате со сегашниот партнер.

Близнаци

Училиштето не ве оптоварува, оваа недела сте посветени на забавите. Заљубени сте до уши во личност родена во знакот Лав.

Рак

Се подобрува вашата финансиска ситуација. Не позајмувате пари на луѓе за кои не сте сигурни дека ќе ви ги вратат. На полето на љубовта владее емоционална стагнација.

Лав

Не чувствувате дека пријателите се оддалечуваат од вас, бидејќи со леснотија го прифаќате тоа. Заљубени сте како никогаш досега и емоционално исполнети.

Девица

Родителите ви создаваат проблеми и ви ги попречуваат личните планови. Не знаете дали да го следите патот на срцето или разумот. Партнерот ви е голема поддршка.

Вага

Имате недоумици поради одлуките поврзани со пријателите. Можеби е подобро да ги пуштите другите да одлучат наместо вас. Во љубовта постои личност која ве прави среќни како ниту една друга.

Скорпија

Спиете повеќе од вообичаено, но оваа недела тоа нема да ви пречи бидејќи сите околу вас се на одмор. Емоционално се потпирате на кратки врски, кои во последно време ги имавте дури и премногу.

Стрелец

Имате потенцијал да напредувате. Треба само да и се обратите на една личност која треба да ве забележи. Оваа недела ви носи љубовен состанок, а тоа многу ве радува.

Јарец

Плановите ви одат од рака и посветени сте на домашните обврски. Само така продолжете. Имате сомнеж во саканата личност, избегнувајте кавги.

Водолија

Се потпирате на членови на семејството за кои се надевате дека ќе ви помогнат да ја пребродите животната криза. Заљубени сте, како и секоја лето.

Риби

Знаете што сакате и веќе сте на половина пат да го остварите тоа. Нема препреки. Симпатијата повторно ви се враќа во прегратки.

Можеби ќе ве интересира: