НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Празнично, но напорно
Овен
Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Празници, убави празници ве очекуваат, не треба да земате се здраво за готово.
Бик
Ве очекуваат доста новини, особено оние кои се занимаваат со несекојдневно хоби. Највероватно добрата интуицијата и концентрацијата неделава ќе доминира кај вас. Доколку обврските ви се поврзана со повеќе луѓе, контактите ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. обидете се да се одморите за празниците.
Близнаци
Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки и не размислувајте за неважни работи. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. А, за празниците ви следи едно големо изненадување.
Рак
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. Празнувајте, опуштете се, дадете спокој, добиете спокој.
Лав
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат обијективни. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите проблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Еве ви време да размислите. Празниците поминете ги во мир.
Девица
Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Ајде малку воздивнете. Празници се на прагот, убави празници.
Вага
Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат експанзија, некои се во нов интересен проект. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на обврските, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Таква ведрина ќе ве прати и за празниците.
Шкорпија
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања во друштвото, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Ама затоа, за време на празниците ама баш ништо нека не ве интересира.
Стрелец
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со родителите, ниту со пријателите. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Нештата нека преспијат, па да речеме еден месец, месецот на празници.
Јарец
Нервите ви се при крај и со некој свој непромислен потег или дрскост можете да привлечете внимание кај другите. Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. А новиот лист завртете го во Новата година и уживајте во празниците.
Водолија
Обврските не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на вашето хоби. Икако те под притисок, намалете малку. И за вас се празниците добредојдени.
Риби
Неделава би било добро да се држите само на сигурните и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Затоа пак, за празниците треба да се опуштите максимално. И направете го тоа!