НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Само еден знак нема да има среќа во љубовта оваа недела
Овен
Плановите ќе ви одат од рака оваа недела, а тоа се одразува и вашето расположение. Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање. Во љубовта нема да ви оди оваа недела.
Бик
Не се разочарувајте доколку она што го посакувате не ви се остварува, ќе се свратат работите во ваша корист. Една личност не престанува во вас да буди нешто посебно и единствено, а вие се уште не сте подготвени да реагирате.
Близнаци
Плановите
ви се остваруваат и имате ветер во грб за да продолжите понатаму. Бидете
внимателни и информирани, но немојте да се плашите да ризикувате. Премногу сте
вообразени за да ја побарате симпатијата, би требало вие да го направите првиот
чекор.
Рак
Не се грижите доволно за своите обврски, па родителите може да ве прекорат. Имате уште време пред да се зголемат обврските на училиште. Имате шанса да запознаете интересна личност на забава, која веќе ја планирате. Доколку нешто ќе ве спречи не очајувајте.
Лав
Плановите ќе ви течат солидно и свесте сте за своите способности. Партнерот не сака да споделува многу работи со вас. Се чувствува доза на тајност и тоа може да ве фрли во очај.
Девица
Не очајувајте, бидејќи немате премногу лош став кога се негативните трендови во прашање. Што и да се случува знаете дека сте доволно способни да се извлечете. Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае на вас. Затоа одморот и разговорот се најдобро решение.
Вага
Се ви оди добро и така треба да биде. Време е за некои нови планови. Се чувствувате одлично во присустно на еден Овен, но ни сами не знаете што да правите кога е оваа ситуација во прашање.
Шкорпија
Пријателите како да немаат разбирање за вашата моментална состојба. Гледајте да ја поправите таа ситуација во која моментално се наоѓате. Заљубени сте, но не смеете да си признаете и на самите себе.
Стрелец
Доколку подготвувате некоја забава, ќе имате успешно реализирање. Доколку сте осамени не мора да очајувајте, бидејќи се гледа промената која уште на почетокот на неделата.
Јарец
Морате да го правите она што ќе ви го кажат родителите. Размислете малку како треба да постапувате. Не сте заинтересирани за емотивниот живот. Вашиот љубовен однос повеќе не е филм, сега е шпанска серија.
Водолија
Плановите ви одат од рака оваа недела, а за тоа сведочат и резутатите. Време е да ги искористите овие поволни околности. Партнерот и понатаму е тука за вас и е ваша најголема поддршка што и да правите. Вие сте среќни поради тоа.
Риби
Не сте во можност да бирате со кој ќе се дружите, некогаш околностите ве приморуваат. Зголемената тензија во врската може да биде погубна за вас. Пробајте да бидете поотворени кон себе и да ја признаете слабоста која би можела да ја надминете во наредниот период.