НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Среќа во љубовта за 3 хороскопски знаци

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Среќа во љубовта за 3 хороскопски знаци

Овен

Оваа недела може да имате многу нови шанси, особено во контактите со луѓето. Немојте во афект да влегувате во врски или пак да ги прекинувате постоечките.

Бик

Оваа недела не треба да влегувате во врска со некој за кој не знаете дали е слободен или пак без многу размислување да прифатите покана за состанок. Ова е период на големи искушенија.

Близнаци

Оваа недела е поволна за вас, па така нема да има за што да се жалите. Доколку запознавте ново лице ова лето, можно е таа врска да продолжи. Голем борј претставници на овој знак нема да знаат како да си го организираат времето.

Рак

Оваа недела е идеален за освојување на некој кој досега немал многу време за вас. Можна е средба на јавно место со некој кој го познавате преку пријатели. 

Лав

Иако сте дружељубиви и многу пречувствителни, малку кој може да претпостави како се чувствувате. Можно е да имате партнер и некој на кого често мислите. Доколку станува збор за личност со која повремено се гледате, немојте да потпаднете на своите фантазии во врска со таа личност.

Девица

Можни се проблеми како љубомора или незадоволен партнер кој има потреба да менува нешто во животот. Би можело да значи и врска со спортист или некој е многу посесивен. Можна е средба со симпатија од детството.

Вага

Доколку не сте во врска, можеби ќе ви се допадне некоја личност која се занива со спорт или некоја личност која ќе ја запознаете во теретана. Доколку сте долго време во врска, ќе пробате да се изборите за да го имате главниот збор.

Шкорпија

Ви се допаѓа амбициозна личност која точно знае што сака. Доколку сте слободни, можеби ќе запознаете личност преку пријатели која ќе ви се допадне, особено во знакот на Девица и Риби. 

Стрелец

Преку пријателите доаѓате во контакт со многу интересни личности кои го привлекуваат вашето внимание и обратно. Свесни сте на совјот шарм и со љубезност ги освојуваат оние кои имале погрешно мислење за вас. Добро се согласувате со некој Лав или Овен.

Јарец

Како на сите останати полиња, така и во љубовта оваа недела ќе бидете активни. Ќе имате многу разни можности и многумина ќе ве повикуваат и ќе се обидат да ви се наметнат. Многу сте поромантични, отколку што се гледа на прв поглед.

Водолија

Немојте да си дозволите на себе да се нервирате поради коментарите на сметка на вашиот партнер. Многу сте заљубени и подготвени да се борите за неговата наклонетост.

Риби

Оваа недела ви носи нови можности на љубовен план, особено доколку сте дама Риба, а ви се допаѓа личност која е поврзана со уметноста. Оваа недела дефинитивно ќе биде интересна кога е во прашање љубовта.

Можеби ќе ве интересира: