НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Водолиите и Близнаците ќе бидат главни оваа недела!

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Водолиите и Близнаците ќе бидат главни оваа недела!

Овен 

Ви претстои остварување на еден долго замислуван план. Во остварувањето на целите ќе ви помогнат најдобрите другари/ки. Успешното реализирање на планот ќе ви донесе успех на секое поле.
Среќен ден: понеделник 

Бик                                                                                                                            

Успешно ќе ги разрешите несогласувањата што во последно време се случуваат во вашето друштво, но тоа ќе ви одземе многу време. Симпатијата ќе ја забележи вашата добра страна.
Среќен ден: петок

Близнаци 

Период исполнет со дружење и забава. Ќе бидете презафатени со слушање на туѓите проблеми и ќе заборавите на своите. Најдете време за себе и одморете се малку од шетање.
Среќен ден: четврток 

Рак

Неочекуваната средба со симпатијата ќе ве онерасположи. Неделава расположението ќе ви биде променливо и тоа сите ќе го забележат. Не очајувајте и не предизвикувајте кавги, за време на викендот можна е нова љубов.
Среќен ден: вторник 

Лав

Ќе имате доволно енергија за сите обврски. Слободното време ќе ви го исполни една интересна личност од минатото во чија близина ќе се чувствувате одлично.
Среќен ден: среда 

Девица
Постои личност која подолго време ве набљудува и е вљубена во вас. Неделава ќе го откриете која и ќе бидете изненадени. Не летајте многу во облаци од веста која ќе ја дознаете бидејќи може да бидете повредени.
Среќен ден: вторник 

Вага

Внимавајте како се однесувате со родителите бидејќи на повидок ви е подолга казна. Шетањето е една работа, но обврските се сосема друга. Обидете се да најдете време и за двете работи.
Среќен ден: недела 

Шкорпија 

Неделава ве очекува шетање, шетање и само шетање. Веќе оценките нема да ви го расипуваат вниманието. Ви претстојат многу тестови, затоа загрејте го столчето додека е време.
Среќен ден: четврток 

Стрелец                                                                                                                         

Следи лош период за љубов. Едно лошо озборување ќе ги расипе и така тешко изградените односи со симпатијата. Ќе откриете кој ги шири невистините за вас и ќе бидете многу непријатно изненадени.                                                                            Среќен ден: понеделник

Јарец 

Астрономската телефонска сметка ќе предизвика голем број проблеми и кавги со родителите. За да не ја влошите ситуацијата уште повеќе, обидете се да ги поправите оценките, а и односот со наставниците.
Среќен ден: вторник 

Водолија

Планетите дефинитивно се на ваша страна. Симпатијата почна да ве забележува, родителите ви го зголемија џепарлакот, бидејќи се задоволни од вашиот постигнат успех на училиште. Продолжете така.
Среќен ден: среда 

Риби

Не се сите луѓе совршени. Оној од кој очекувавте најголема поддршка ќе ве изневери и ќе се чувствувате навистина лошо. Потпрете се на некој од семејството. Само најбиските ќе ви помогнат да ги решите проблемите.
Среќен ден: сабота 

Можеби ќе ве интересира: