Нејзините зборови одекнуваат низ цел свет: Мила Кунис која има украинско потекло се огласи за прв пат по избувнувањето на војната
Бројни познати личности јавно ги искажаа своите ставови за конфликтот меѓу Русија и Украина, а некои одлучија да соберат финансиска помош за бегалците.
Мила Кунис и Ештон Качер започнаа кампања за собирање средства за помош на Украинците погодени од руската инвазија.
- Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливиот товар на оние кои решија да одат на безбедно. Ова собирање средства ќе биде помош за бегалците – вели славниот пар во видеото во кое им се обраќа на своите следбеници на Инстаграм.
Решиле да соберат дури 30 милиони долари.
Ова беше и првото обраќање на актерката во врска со актуелните случувања во Украина.
- Родена сум во Украина во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 година и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Благодарна сум за се што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не можам да бидам погорда што сум Украинка – изјави Мила во видеото.
Актерката заклучи:
- Украинците се силен и храбар народ, но тоа што си силен и храбар не значи дека не си достоен за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина.
Да потсетиме, некои од светските ѕвезди кои проговорија за оваа ситуација и му дадоа поддршка на украинскиот народ се Стивен Кинг, Елина Свитолина, Руслана, Шер, принцот Хари и Меган Маркл.
извор:GLOSSY