Нејзиното видео стана хит на социјалните мрежи: Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли го откри својот голем талент, а тоа не е глума

Нејзиното видео стана хит на социјалните мрежи: Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли го откри својот голем талент, а тоа не е глума

Анџелина и Бред може да бидат горди на својата ќерка Шајло...

На Интернет кружи видео од тинејџерката која ги покажува своите танцувачки вештини. Инаку, со него освои прилично голема група обожаватели.

Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Актерот тогаш беше оженет со Џенифер Анистон. Иако обожавателите претпоставуваа дека помеѓу него и неговата партнерка во филмот постои нешто повеќе, тие ги демантираа сите гласини, но набрзо се откри вистината. Бред Пит и Џенифер Анистон се разведоа, а холивудската ѕвезда започна врска со Анџелина Џоли. И покрај фактот дека поминаа неколку години заедно, нивниот брак не траеше предолго. Двојката се венчаше во 2014 година, а се разведе 5 години подоцна. Како плод на нивната љубов се нивните шест деца: Шајло и близнаци Нокс и Вивиен се нивни биолошки деца, а Захара, Пакс и Мадокс се посвоени.

Иако нивните родители се многу загрижени за приватноста, децата веќе на оваа возраст почнуваат да бидат активни на социјалните мрежи. Така, се појавија видеа од Шајло Џоли-Пит, која се фали со својот талент. Се испостави дека таа својата среќа ја пронашла во танцот.

16-годишната девојка покажа како танцува на песната „About Damn Time“ од Лизо. На видеото се гледа како Шајло се движи во ритам, облечена во црн дуксер, кремасти тренерки и „џорданки“.

@shilohpitt Cool :) #shilohjoliepitt Seen It All - Nike Featuring Chong The Nomad

Под видеото има многу коментари, а обожавателите на Анџели и Бред беа импресионирани од талентот на тинејџерката.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: