Некогаш и сега: Колку Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се менуваа низ годините?

Некогаш и сега: Колку Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се менуваа низ годините?

Објавена во: Живот // Живот

Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалер Душко Тошиќ, во последно време привлекуваат големо внимание на јавноста. Тие едноставно го следат секој нивен чекор, а фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи редовно се анализираат.

Иако често поради нив се шпекулираше за разводот, тоа уште не се случи. Двајцата, и покрај критиките во јавноста, живеат хармоничен брак и ретко зборуваат за својот приватен живот во медиумите. Се венчаа на 28 јуни 2008 година. Прославата на венчавката на Јелена Карлеуша беше организирана во градината на хотелот „Президент“ во Ковилово. Во најмала рака, сè што поврзуваме со Карлеуша мора да биде спектакуларно, па и оваа свадба имаше посебен шарм, бидејќи се одржа во феноменално украсена градина со базен над кој се протегаше писта долга 22 метри.

Сè беше во стилот на големите светски sвезди, па Карлеуша носеше и три венчаници. До олтарот во форма на срце дојде во придружба на нејзиниот татко облечена во една од трите венчаници. На тоа место, Душко и таа кажаа судбоносно „ДА“. Разменија бурми и завети, а белите балони во форма на срце што лебдеа на површината на водата околу нив придонесоа за уште поромантична атмосфера.

Олтарот, пистата, хотелот, цвеќињата донесени за тој ден од странство, сребрените свеќници, ја обележаа и разубавија атмосферата на венчавката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ. Сè беше гламурозно, а тој гламур чинеше помеѓу 80.000 и 100.000 евра. На гостите кои седеа на масите околу базенот им се послужуваше кавијар, најубав шампањ, специјалитети од италијанска и азиска кујна.

Меѓу гостите имаше многу луѓе од светот на шоу-бизнисот, политичари, креатори, спортисти. Како подарок од гостите на свадбата на Јелена, Мина Костиќ пееше, а како што рече самата Карлеуша, таа го оправда фактот дека е исклучителен уметник. Покрај неа, на свадбата пееја и Тропико Бенд, Никола Роквиќ и покојниот Дарко Радовановиќ. Меѓу ВИП гостите беа: Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Ивица Дачиќ, Стоја, Марина Туцаковиќ, Дејан Миличевиќ, Александар Коларов и други.

Но, како се менуваа физички по свадбата погледнете од фотографиите во продолжение:









Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: