Некогаш се зборуваше дека ќе станат роднини: Ана Рајковиќ и Анастасија Ражнатовиќ покажаа како го поминуваат времето во Катар (ФОТО)

Некогаш се зборуваше дека ќе станат роднини: Ана Рајковиќ и Анастасија Ражнатовиќ покажаа како го поминуваат времето во Катар (ФОТО)

Објавена во: Совети // Другарство

Пред неколку години, двете убавици беа поврзани на друг начин, а денес се пријателки кои имаат заедничка мисија - да им дадат поддршка на нивните момчиња кои играат за српската фудбалска репрезентација...

Додека репрезентативците на Србија се подговуваат за решавачкиот натпревар во групата, средбата со Швајцарија во која ќе се одлучи дали ќе учествуваат и во елиминационата фаза на Светското првенство, во Катар е присутна и најважната поддршка.

Сопругите и девојките на фудбалерите допатуваа во Доха, каде се подготвуваат на целиот глас да навиваат за своите сопрузи и момчиња и нивните колеги, а помеѓу најпознатите се пејачката Анастасија Ражнатовиќ и манекенката Ана Рајковиќ.

Додека Анастасија е во врска со фудбалерот на Севиља - Немања Гудељ, Ана со години е во хармоничен брак со голманот на Мајорка - Предраг Рајковиќ, со кој има два сина.

Тие на Инстаграм споделија фотографија на која ги гледаме како заедно уживаат во градината на едно кафуле, двете во лежерни изданија и без грам шминка.

Инаку, покрај тоа што се избранички на репрезентативците, Ана и Анастасија ги поврзува уште нешто - во 2017 година, додека уште беше Ана Џакиќ, манекенката беше во многу кратка врска со Вељко Ражнатовиќ, родениот брат на Анастасија.

Тие две и во тоа време често покажуваа дека имаат одличен однос, кој очигледно го имаат и до ден денес.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: