Некогаш vs. денес: Маја Беровиќ на почетокот на кариерата воопшто не изгледала како денес (ФОТО)

Некогаш vs. денес: Маја Беровиќ на почетокот на кариерата воопшто не изгледала како денес (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Друга личност!

За очекување е дека пејачите и актерите ќе се сменат од почетокот на кариерата до денес кога се супер познати. Кога првпат почнаа, немаа ни толку изграден стил и имиџ како денес. Маја Беровиќ е една од оние кои целосно се променија.

Сакаме кога некој на социјалните мрежи ископува стари фотографии или стари видеа на денешните популарни пејачи. Никогаш на почетокот на нивните кариери не изгледаат толку импресивно и толку добро како денес. Со текот на годините го градат својот препознатлив имиџ и изглед, а некои добиваат стилисти и на нив работат професионални шминкери и фризери. На почетокот на својата кариера, повеќето пејачи ги прават сите овие работи сами. Доколку слушате ваква музика, пејачката Маја Беровиќ сигурно ви е добро познато име.



Порано, кога нејзината кариера само што тргна нагоре, таа не изгледаше ниту малку слично на денес. 

На Инстаграм беше објавено видео од нејзиниот настап од 2007 година. Иако нејзината кариера започна порано и тоа не беше нејзино прво појавување на телевизија, тоа беше нејзино прво големо појавување. Покрај тоа што ја промени бојата на косата, се гледа дека и нејзиното лице е поинаку и дека има многу различна шминка.



Едно нешто што остана иста е тоа што и порано и денес сака да се облекува провокативно. Некои во коментарите истакнуваат дека денес изгледа сто пати подобро, а други дека претходно изгледала подобро. Како и секогаш, мислењата се различни. Она за што секој може да се согласи е дека таа денес е сосема друга личност.


Foto: mayaberovicofficial i estradni.arhiv/Instagram

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: