Неколку месеци по крајот на врската нејзиното поранешно момче се ожени, а таа заврши на психијатрија: До 30-тата година ја пристигнаа сите несреќи
Оваа приказна многумина ќе поттикне да забават и да се запрашаат што е она што е највредно во животот. Популарноста, кариерата, парите, моќта и успехот, сѐ паѓа во вода оној момент кога здравјето ќе се загрози.
Селена Гомез ја запознавме низ многубројните серии на Дизни, кои ѝ донесоа голема популарност. Многу млада влезе во суровиот свет на популарноста, што ѝ донесе големи ментални проблеми.
Имала тешко детство, а популарноста која ја доби ѝ донесе повеќе проблеми отколку корист. Во љубовта исто така имаше турбуленции. Нејзина најпозната врска беше онаа со пејачот Џастин Бибер.
Првите проблеми со кои пејачката почнала да се соочува ги донел разводот на нејзините родители, во моментот кога имала само 5 години.
Гомез не крие дека имала тешко детство, и дека се случувало да немаат што да јадат. Сепак, пејачката откри и дека нејзината мајка секогаш се жртвувала за да не ѝ недостасува ништо.
„Мојата мајка целиот свој живот го подреди по мене и моите потреби. Работеше по три работи за да ми биде подобро на мене и на тоа ќе ѝ бидам вечно благодарна“ - истакна Селена.
Својата кариера ја започна со улогата во американската детска серија „Барни и пријателите“, по што следуваа ангажманите во Дизни. Тогаш започна нејзината голема актерска и пејачка кариера.
Покрај блескавата кариера која ѝ се насмевна, Селена ја удри и шлаканицата на реалноста, која со себе ѝ донесе многу приватни и здравствени проблеми.
Имено, на пејачката ѝ беше дијагностициран лупус, хронична автоимуна болест, која може да погоди разни делови од телото, вклучувајќи ги кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, крвта, бубрезите и мозокот.
Во 2017 година мораше да се оперира и ѝ беше направена трансплантација на бубрег.
Она што е многу емотивно, е фактот што бубрег ѝ донираше нејзината пријателка, танчерката и актерка Франсија Раиса, на која Гомез ќе ѝ биде неизмерно благодарна до крајот на животот.
„Франсија со својата жртва ми го спаси животот. Таа ми е како сестра, нема зборови со кои би можела да ѝ изразам благодарност“ - кажа Селена.
Пејачката водеше битка и со депресијата и паничните напади, што ја натера да заврши во клиника за рехабилитација.
„Мојата самодоверба беше убиена. Бев депресивна, имав чувство на анксиозност и напади на паника пред да излеза на сцена или веднаш по настапот. Јас всушност чувствував страв дека не сум доволно добра, дека сум неспособна“ - објасни пејачката, а потоа додаде:
„Ми изгледаше дека ништо не им давам на обожавателите и дека тие тоа го чувствуваат. Би сакала повеќе да се зборува за таквите проблеми. Нас, девојките, не учат да бидеме отпорни на сѐ, да бидеме силни и секси, кул и опуштени, но понекогаш мора да ни биде дозволено да се распаднеме“.
Благодарение на политиката на клиниката за рехабилитација во која била, а која вклучува забрана на телефони, компјутери, магазини, како било кои извори на медиумски содржини, пејачката успеала да се изброи со депресијата.
„Престојував во соба со шест девојки кои воопшто не се грижеа за тоа која сум јас и што сум, бидејќи се бореа за сопствениот живот. За мене тоа беше неверојатно искуство, нешто најтешко, но и најдобро што сум го направила“ - беше искрена Селена.
фото: ShutterstockНејзините први психички проблеми се појавија по бурната врска со пејачот Џастин Бибер. Двојката беше во повеќегодишна врска, која ја следеа разни проблеми и падови, па дури и раскинуваа неколку пати. По раскинувањата секогаш се смируваа, поради фактот дека се движат во исти кругови, и дека постојано се среќаваа.
Поради целокупната ситуација, оваа врска важеше за една од најтоксичните. До конечната разделба дојде во 2018 година, по што пејачката почна да се соочува со депресијата. Призна дека имала и мисли за самоубиство.
Бибер призна дека бил егоист, и дека не се однесувал убаво кон пејачката. Двојката неуспешно се обидуваше да ја обнови врската по неколку месеци по раскинувањето. Бибер набрзо започна врска со Хејли и се ожени со неа.
Оваа вест дополнително ја погоди Селена и таа доживеа нервен слом, по што заврши на психијатрија во Лос Анџелес.
„Имав многу проблеми со депресијата и анксиозноста и не го кријам тоа. Меѓутоа, мислам дека никогаш нема да успеам целосно да ја надминам таа состојба. Нема да дојде ден кога ќе помислам „Еј, еве сум во убав фустан, победив“. Мислам дека цел живот ќе ја водам таа битка, но тоа не ми пречи, бидејќи знам дека секогаш ќе си бидам јас сама на прво место“ - призна пејачката.
Нејзината тажна животна приказна навистина може да го расплаче секој човек. Многу девојки се идентификувале со нејзината приказна, и ѝ дадоа апсолутна поддршка. Исто така, ова приказна многумина охрабрува и ги мотива да се борат и да не се откажуваат.
фото: Принтскрин / Инстаграм