Нема да губат од настава: Како учениците од Албанија ги изучуваат лекциите?

Нема да губат од настава: Како учениците од Албанија ги изучуваат лекциите?

Објавена во: Живот // Живот

Министерството за образование, спорт и млади во Албанија, направи Јутјуб канал кој го користи за да објавува лекции за учениците како не би заостанале со наставата поради прекинот на истата во училиштата.

Со објавување на видео - лекции, Министерството започна денес, со што досега се објавени пет видеа со лекции по математика, социологија, англиски и албански. На овој начин учениците ќе бидат во тек со наставата.


Министерството за образование, спорт и млади во Албанија го користи и својот Твитер профил за да известува во колку часот, на која телевизија и по кој предмет ќе се емитуваат предавања.

Коронавирусот беше прогласен за пандемија вчера од страна на Светската здравствена организација (СЗО) со што во неколку држави, Министерствата за здравство донесоа одлуки за прекин на наставата во основни и средни училишта, како и во градинки и на факултетите, во следните 14 дена.

Оваа одлука е донесена и во Македонија.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: