Нема да излезат од мода: Топ 3 тренди чизми кои можеш да ги купиш без страв дека следната година повеќе нема да се ИН
Иако изгледаат малку ризично, нема да излезат од мода...
Да купиш некој модел на обувки или облека кои оваа година се во тренд не е за секој идеално решение, бидејќи не сите сакаат секоја година да ја обновуваат гардеробата, па секогаш ги одбираат оние класични модели. Оваа година хит се 3 модели на чизми и со нив нема треба потреба да се грижиш, можеш да ги купиш и долго да ги носиш, бидејќи сигурно уште некое време нема да излезат од мода.
Некогаш е во ред да излезеш од својата безбедносна зона и да испробаш нешто поинакво. Со чизмите тоа и не е баш наједноставно, бидејќи сепак треба да ги одбереме со оглед на тоа каква ни е облеката, а и глупаво е и прескапо секоја година да купуваме нови. Доколку и ти си една од оние кои не ја менуваат облеката секоја сезона и сакаш да носиш исти работи со години, постојат три модели на чизми кои се голем хит оваа година, а со кои не мора да се грижиш дали ќе престанат да се носат, бидејќи сигурно ќе бидат ИН и во следните зими, пишува „Who What Wear“.
# Каубојски чизми
# Гломазни модели на чизми до глужд
# Чизми со шпицест врв