Нема да ви се верува колку овие ѕвезди се високи: На екраните често делуваат поинаку
Во филмовите се „лажира“ исто како на фотографиите - аголот на камерата, перспективата, ретуширањето - ѕвездите често, случајно или пак намерно изгледаат повисоки отколку што се навистина. А, тогаш не изненадува фактот колку некои „големи“ фаци се всушност со низок раст.
# Кристина Агилера
Мегапопуларната американска пејачка е висока само 158 сантиметри. Не е баш висока, но затоа е надарена со феноменален глас и секси облини.
# Мадона
Мадона има продадено повеќе од 300 милиони свои албуми во целиот свет, а во „Гинисовата книга на рекорди“ е прогласена за најуспешен женски изведувач на сите времиња. Висока е 158 сантиметри, тренира секојдневно и витка е како мачка.
# Ким Кардашијан
Згодната американска ријалити ѕвезда е висока дури 157 сантиметри. Нејзиното бујно тело красеше бројни насловни страници, а Ким докажала дека висината воопшто не е пресуден фактор за женственоста. Исто така, докажа дека не треба да се робува на виткоста.
# Салма Хајек
Преубавата мексиканска актерка е висока 157 сантиметри, а висината во кариерата воопшто не и била препрека. Токму таа е една од нејзините препознатливи особини во светот на филмовите.
# Скарлeт Јохансон
Една од најплатените холивудски актерки е висока точно 160 сантиментри. Оваа 34 годишна убавица е добитничка на неколку реномирани филмски награди, а е прогласена и за холивудски секс симбол.
# Ева Лонгорија
Една од најпознатите убавици во светот е висока 157 сантиметри. Филмската популарност ја постигна по улогата во култната серија „Очајни домаќинки“, а и денес нејзините улоги се следат со големо интересирање. На сметка на својата висина често се шегува, а на својот Инстаграм профил споделува симпатични фотографии на кои стои на кутии за да може да ја види камерата.
# Шакира
Прекрасната колумбиска пејачка дефинитивно е една од најубавите жени во светот, а со својата добрина и шарм освојува се околу себе. Висока е 157 сантиметри.