Нема настапи, па реши да смени професија: Младата Лина Пејовска заплива во нови води
Здравствената криза го зема својот данок - социјалниот живот се сведе на минимум, ноќните забави станаа минато, музичарите немаат работа, контактите со пријателите најчесто ги одржуваме преку социјалните мрежи...
Но, овој пат ќе се насочиме само на музичарите, поточно на една млада пејачка - Лина Пејовска. Имено, пред два месеци таа имаше премиера на дуетската песна со Таско, „Неваљала“, за која веќе бројат неколку милиони прегледи на Јутјуб, со безброј позитивни коментари. По оваа песна, во нормални услови сигурно настапите на пејачката ќе се зголемеа, но за жал тоа не се случи, а Лина сега се најде пред нов предизвик.
Таа реши да не седи со скрстени раце, па се фати за работа. И овој пат микрофот и е главна алатка, но не за пеење. Едноставно - Лина се проба во новинарството и тоа ни помалку, ни повеќе, туку во естрадниот магазин „Бекстејџ“. Своето премиерно интервју го имаше со младиот и талентиран Стефан Лазаров, а како се снајде во оваа нова улога погледнете во видеото во продолжение: