Нема ни 2 години, а веќе спасила 3 животи: Бестрашна кучка стана омилен лик на ТикТок
Двегодишната кучка Лета од Рисока е член на единицата за пронаоѓање и спасување на луѓе.
Досега спасила веќе 3 животи, а неодамна благодарејќи на својот сопственик стана популарна и на ТикТок.
Николај Хижњак, доброволец во спасувачката единица и сопстник на кучката, вели дека Лета е понапредна од другите кучиња кои се обучувани за оваа цел.
„Со една година и два месеци, ја имаше пронајдено првата жртва. Тоа беше баба со деменција која избегала од болница. Не повикаа од болницата, а ние за првпат излеговме на терен со Лета. Одевме на левата страна од пругата, бидејќи ветерот од таа страна го носеше мирисот на бабата. Бидејќи мојата кучка тогаш беше неискусна, ѝ поставив едноставна задача, требаше само да го следи правецот на ветерот“ - кажа тој и додаде: „Но, потоа потполно неочекувано, таа замина на десната страна од пругата. Ги тргавме грмушките, јас ја зимам во раце, а таа отскокнува од моите раце и бега. По некое време слушнав лаење. Се пробив низ грмушките и ја гледам бабата како седи во дупка, а покрај неа стои Лета“ - објасни Николај за „Ruptly“.
@leta.dog ##ЛетаК9 ##кинолог ##спасатели ##malinois ##малинуа ##овчарка ##собака ##спасениежизни ##дрессировка ##врек
All The Way Up - Fat Joe & Remy Ma
По напорната сезона оваа двојка одлучила малку да одмори, а по одморот, продолжуваат со обуката.
Во меѓувреме, популарноста на Лета на ТикТок расте.