Нема повеќе да важи онаа „Далеку од очи, далеку од срце“: Кинезите го претставија уредот за бакнување на далечина (ФОТО)
Овој необичен изум ги подели луѓето, едни се воодушевени, други се изненадени...
Сигурно сте ја слушнале онаа стара мудрост: „далеку од очи, далеку од срце“, што во превод би значело дкеа врската ви осудена на пропаст, ако не сте близу еден до друг.
Но, мудрите Кинези го решија и овој проблем. Џијанг Жонгли, кој работи во тамошниот институт за мехатроничка технологија, го патентирал својот т.н. „уред за бакнување на далечиња“.
Уредот има подвижни силиконски усни, кои им овозможуваат на корисниците да испраќаат и примаат бакнежи. Според производителите, уредот е опремен со сензори и имитира вистинск ибакнежи со повторување на притисокот, движењето, па дури и температурата на усните на корисникот.
За да испратите бакнеж, треба д аја преземете мобилната апликација и потоа да го поврзете вашиот мобилен телефон со уредот. Цената на овој необичен изум е 41 долар, а може да се најде на најголемиот кинески сајт за онлајн шопинг Таобао, а реакциите на социјални мрежи се разни - од оние кои се воодушевени, до оние кои овој уред го прогласија за морничав.
Remote kissing device for long-distance lovers, invented and patented by Chinese university student in Changzhou City.
— China in Pictures (@tongbingxue) February 22, 2023
The mouth-shaped module, served as an inducing area for lovers to make the kiss and then it can transfer kiss gesture to the "mouth" on the other side. pic.twitter.com/5i2ogMiUXe
Па, како Џијанг воопшто дошол на ваква идеја? Како што пренесува Си-Ен-Ен, самиот Џијанг почувствувал што значи да биде раздвоен од саканата личност.
„На факултет имав врска на далечина со својата девојка, па контакт имавме само преку телефон. Оттаму додје инспирацијата за овој уред“ - изјави тој.
фото: Принтскрин / Твитер