Нема простор за „упс“ во исхраната на Бритни: Пејачката ги открива најголемите тајни за витка линија
Иако, во последно време повторно се соочуваше со проблеми, пејачката успева да ја задржи својата феноменална фирура, на која постојано работи..
Диетата на Бритни Спирс е прилагодена за сите нејзини активности како поп-ѕвезда, па затоа вклучува намалено внесување на калории и многу танцување. Со непрекинато вежбање, нејзината исхрана се состои од помали, избалансирани оброци.
Исхраната на оваа американска пејачка е ограничена на 1.500 калории на ден и вклучува протеини и зеленчук со многу влакна.
Пред строгиот тренинг, Бритни за појадок јаде омлет или овесна каша со овошје и тост од пченично брашно.
За ручек, таа јаде салата со пилешко месо или лосос. Претпочита да се напие чаша вода или овошен шејк.
За вечера, Бритни обично јаде пилешко или свинско месо на скара, со мешан зеленчук приготвен на пареа.
За да ја задоволи нејзината огромна потреба за слатки, пејачката конзумира високо протеински закуски како што се чипс од брашно од соја, ореви и бадеми. Таа, исто така обожава нискокалоричен јогурт.
Што се однесува до тренингот, таа практикува вежби кои и помагаат да ја одржи флексибилноста и силата, за да може ја задржи својата кондиција при настапите и танцувањето. Таа има личен тренер со кој има направено своја серија на вежби кои најмногу и одговараат, но и доста и помогнаа за да ја врати витката линија по раѓањето на двете деца, како и да се подготви за турнеите,концертите и настапите кои ја очекуваат.
Пет дена во неделата, најмалку два часа на ден, таа прави интензивни кардиоваскуларни вежби, со клекнувања и кревање полесни тегови.
Импресивно, зар не?