Немој да претеруваш со лубениците: Можно е да ти се случи некоја од овие лоши работи ако изедеш пременогу
Превкусна е, но би требало да се јаде во умерени количини...
Лубеницата на многумина им е најомилено летно овоше. Ако нешто може да те освежи за време на топлите, летни денови, тогаш тоа дефинитивно е лубеницата! Но, не би смеел да се прејадеш со неа.
Превкусна и освежителна лубеница. Многумина ја обожуваат, а како и не би кога е превкусна. Но, прекумерното конзумирање на лубеницата може да доведе до лоши нуспојави за кои сме сигурни дека никогаш немаш размислувано. Во прашање се сериозни проблеми кои лубеницата мже да ги направи во твоето тело, како што наведува NDTV Food.
# Може да предизвика дигестивни проблеми
Накратко кажано - од преголема количина лубеница можеш да добиеш пролив. Иако таа е многу здрава и полна со витамини, во себе содржи посебен вид на шеќери кои поттикнуваат течка столица и проблеми со гасовите.
# Нагло го зголемува нивото на гликоза
Бидејќи е овошје, лубенцата е полна со природни шеќери кои се поздрави и многу подобар извор на шеќер од вештачките. Сепак, токму тие здрави шеќери, кои се силни можат да го зголемат нивото на гликоза, па затоа не треба да јадете голема количина, особено не секој ден.
# Го зголемува ризикот од воспаление на црниот дроб, особено кога се меша со алкохол
Иако многу луѓе ја сакаат комбинацијата од лубеница и алкохол, тоа е голем не! Општо познато е дека алкохолот влијае на црниот дроб, а особено влијае на него кога се комбинира со лубеница.
# Може да предизвика прекумерна хидрација
Звучи глупаво, но лубеницата може да ве натера да се прехидритирате. Полна е со вода, а доколку овој вишок вода не се исфрли од телото, постои можност за зголемување на волуменот во крвта. Ова ќе го забележите ако нозете ви отекуваат, се чувствувате исцрпени и уморни.
# Кардиоваскуларни проблеми
Ако чувствувате дека срцето ви чука неправилно или имате слаб пулс - тоа е поради лубеницата. Полна е со калиум, а прекумерната количина на калиум доведува до кардиоваскуларни проблеми, затоа избегнувај лубеница во поголеми количини.
фото: unsplash.com