Необичен комплет и откачена фризура: Младата актерка на црвениот килим во една од најзабавните комбинации досега
Нѐ воодушевуваше уште како девојче во филмот награден со Оскар, а денес има 18 години и со стилот ги засени и многу поголемите ѕвезди...
Младата Сторм Рид, ѕвездата на серијата „Еуфорија“, која ја запознавме уште кога беше дете во филмот „12 години ропство“ го играше ликот на Тајл во новиот филм „The Suicide Squad“, кој пред неколку дена премиерно беше прикажан во Лос Анџелес.
Рид им се придружи на своите многу попознати колеги на црвениот килим, а доколку ги прашувате претставниците на медиумите, успеа сите да ги засени сите со својот избор на модна комбинација. Сторм за оваа прилика одбра елегатен и малку откачен комплет, каков шот се очекува од девојка на нејзини години: во прашање е дводелниот комплет на „Прада“, составен од краток топ без ракави и длабоко макси здолниште. Актерката се одлучи за бел модел украсен со интересни детали, а остана доследна на „Прада“ и кога е изборот на чевлите кои ги носеше за оваа прилика.
За нејзината коса била задолжена позната фризерка Наиваша, која за „Teen Vogue“ откри дека целта им бил „откачен гламур“.
„Идејата беше на црвениот килим да пристапиме забавно и динамично“ - кажа таа и додаде дека плетенката била долга скоро четири метри и дека ѝ бил потребен повеќе од еден час за да ја среди.
фото: PROFIMEDIA