Необичен предизвик за учениците во средно училиште во Загреб: Сите се воодушевени (ВИДЕО)
Ако не ти е јасно што се случува на фотографиите, продолжи да читаш...
Да, училиштето е сериозно и најчесто е тешко да се оди на час и да се будиш рано наутро. Но, има денови кога одењето на училиште е малку позабавно. Ова средно училиште започна предизвик кој ги воодушеви сите.
Првата класична гимназија во Загреб е сè само здодевно училиште не. Како прво, тие имаат профил на ТикТок. Второ имаат предизвик за учениците кој сите добро ги забавува. Некогаш е потребно малку за да се опуштите на училиште, а токму таков ден имаа и учениците од оваа гимназија. Ова е глобален тренд кој кај нас уште не сме го видиле, но изгледа дека средните училишта во регионот почнаа да го прифаќаат. Ден без училишна чанта, поточно работите кои ви се потребни за на училиште да треба да носите во било што, само не во училишна чанта. Се разбира, креативноста тука треба да излезе на површина. Приватната класична гимназија објави видео во кое ги покажа своите ученици кои се приклучија на овој тренд, а книгите и моливите ги носеа во сè и сешто.
@privatnaklasicna Bring anything but a backpack day #dođiteupkg #fyp #foryoupage Hotel Room Service - Pitbull
Од канти за боја до куфери за патување. Има од сè по нешто. Најдобро е да го погледнеш видеото, бидејќи некои идеи се поурнебесни кога ќе ги видиш. Не знаеме дали во ова бил вклучен само еден клас или повеќе и кој потекнува оваа идеја, но дека е забавно, дефинитивно е. Во САД ова е хит веќе некое време, а ние едвај чекаме некој сличен тренд да дојде и во нашите училишта.