Необични новогодишни факти: Дури 7% од Дедомразовците имаат криминално минато

Необични новогодишни факти: Дури 7% од Дедомразовците имаат криминално минато

Новата година ни се приближува, едни размислуваат какви подароци ќе купат, други што ќе облечат, а трети пак по којзнае која пат се подготвуваат да јадат кифлички и руска салата. Додека се подготвувате и одбројувате до Новата година прочитајте ги овие интересни новогодишни факти кои можеби не сте ги знаеле!

# Дури 7% од Дедомразовците имаат криминално минато, а костимот на најпопуларниот дедо им служи како маска за грабежи и нелегални активности.

# За време на новогодишната ноќ Дедо Мраз треба да помине некаде околу 842 милиони домови! За да го направи тоа треба да се движи со брзина од 7 718 816 км на час.

# Најгледан новогодишен филм на сите времиња е It`s a Wonderful Life, најпопуларен филм пак е „Сам дома“, а најслушана песна е White Christmas на Бинг Крозби.

# Се смета дека само за време на новогодишната ноќ се собираат околу 4 милиони тони ѓубре.

# Најголемото производство на вештачки елки за време на новогодишните празници има во Кореја, Тајван и Хонгконг.

# Македонскиот збор за Божиќ всушност е деминутив од зборот Бог, кој е преземен како назив за празникот што го означува раѓањето на малиот Бог - Исус Христос.

# Новогодишните честитки како изум му се препишуваат на грофот Никола Монте Мелини, кој во 1709 г. напишал неколку стихови со убави желби и им ги пратил на роднините и пријателите. Оваа замисла била прифатена, но се проширила дури следниот век, кога во печатниците во Милано почнале да се изработуваат разгледници со цртежи.

Можеби ќе ве интересира: