Необични работи кои можеш да ги направиш со лак за нокти
Лакот за нокти е едне од најпродаваните козметички производ, но многу девојки не знаат дека е многу покорисен, отколку што изгледа на прв поглед.
Освен што ги разубавува твоите нокти и им дава сјај, може да ти го олесни секојдневието, но и да ја изрази твојата креативност.
# Освежи ја старите чевли
Имаш чевли кои ти здодеаја и само ти пречат. Пробај да ги украсиш со некој стар лак, а изборот е само на тебе, дали ќе направиш точки, цветови, срциња или пак линии. За момент ќе добиеш нови, откачени чевли подготвени за долги прошетки.
# Означи ги клучевите
За да не ти случи предолго да стоиш пред влезната врата додека пробуваш да дешифрираш кој клуч е вистинскиот, едностано означи ги сите! Еден клуч нека биде црвен, друг жолт, а третиот можеби зелен. Остави ги да се исушат и подготвена си за движење. Кога ќе ти здодее таа боја, со помош на ацетон лесно ќе можеш да ја отстраниш од клучевите и да ја замениш со некоја друга боја.
# Заштити го накитот
Веројатно досега се имаш сретнато со незгодните зелени траги кои на твојата кожа ги остава бижутеријата. Едноставно своето ланче или нараквица премачкај ги со тенок стол безбоен лак за нокти и проблемот ќе биде решен. Исто така, доколку имаш обетки кои многу ти се допаѓаат, но што ги ставиш на ушите веднаш почнува да ти се јавува чешење, само премачкај ја иглата со безбоен лак и почекај да се исуши.
# Спаси ги хулахопките
Со овој проблем сигурно си се сретнала досега. Ти си на одлична забава, но расположението ти го расипаа хулахопките кои токму тогаш одлучија да пукнат и само го чекаш моментот кога штетата ќе се прошири низ цела нога. Овој проблем всушност е многу лесно да се реши. Додека дупчето е се уште малечко, стави на него капка безбоен лак за нокти и така осигурај се дека истото нема да се прошири. Ако пак, започнало да се шири, стави лак на двата краја од искинатиот дел и продолжи да уживаш.