Неочекувано пријателство: Селена Гомез во последно време сѐ повеќе се дружи со еден познат пар
Таа и Тејлор Свифт се најдобри пријателки, но со овој пар во последно време поминува сѐ повеќе време...
Забавно е да се види кои познати личности меѓусебно се во добри односи и се дружат и надвор од работните односи, а кои и не се сакаат. Овој пат во фокус е едно неочекувано пријателство.
Селена Гомез досега најчесто имавме можност да ја видиме во друштво на Тејлор Свифт. Тие две веќе со години се најдобри пријателки, а изгледа дека ништо не може да ги раздели. Секогаш се тука една за друга и една на друга си се поддршка и истовремено најголеми обожаватели. Тоа е вистинско пријателство.
Селена во својот документарец кажа дека Тејлор ѝ е единствена вистинска пријателка од светот на познатите личности. Но, тоа беше пред да почне да се дружи со една позната двојка. Никогаш не би очекувале да се дружат, но сѐ почесто имаме можност да ја видиме Селена во друштво на Бруклин Бекам и Никола Пелц.
Уловени се заедно додека оделе на вечера, а им се придружи и помладата сестра на Селена. Освен тоа, заедно го поминаа и Денот на благодарноста, голем празник во САД, а исто така заедно организираа и забава во пижами по повод излегувањето на документарецот на Селена. Ова е една група пријатели која никој не ја очекуваше, а тоа во коментари го потврдија и обожавателите на Селена. Никогаш не би кажале дека ова трио би се дружело толку.
@selenagomez Fish n chips by my favorite Brit and the wifey @brooklynbeckham @Nicolapeltzbeckham
original sound - Selena Gomez
Сепак, изгледа дека одлично се сложуваат, а исто така важно е да се напомене дека Селена, Бруклин и Никол се едни од оние познати ѕвезди кои не прават драми и со кои никогаш нема никакви негативни поврзувања.
фото: Принтскрин / Инстаграм