Непрепознатлива: Антониа Гиговска има новата фризура - насмевката на нејзиното лице кажува сè
Младата пејачка Антониа Гиговска не сопира. Од експериментите со модните комбинации, па сè до оние со косата, постојано ни приредува некое ново изненадување.
Последна во низата промени е онаа која ѝ ја направи на косата. Следејќи ги последните трендови во светот на убавината и таа реши да направи шишки, како и многу други познати ѕвезди.
„Шишки имам. Фала абличка“ - напиша младата пејачката покрај фотографијата, на која го означи и Даниел Николовски, со што откри дека тој е виновникот за оваа трансформација.
Дека е презадоволна од новата промена, говори и насмевката на нејзиното лице, но што мислите вие - дали оваа фризура ѝ стои добро на Антониа?