Нервозни сте: Научете како смирено да се разберете
Се плашиш да ги изнесеш своите ставови, бидејќи се плашиш од недоразбирања и караници? Еве како најлесно да ги одбраниш своите ставови:
# Прескокни ги социјалните мрежи!
За сериозни теми подобро е да не се впушташ во расправа на Фејсбук или некоја друга социјална мрежа. Кога се важни работи во прашање, секогаш разговарај лице во лице, сè со цел да избегнеш дополнителни недоразбирања.
# Кажи што мислиш!
Поминири се со тоа дека не секогаш можеш да се сложиш со сите, и тоа е во ред. Секој има право на поинакво мислење. Ако сакаш на добар начин да го кажеш својот став, најпрво мора да се потпираш на факти. Треба да признаеш кога за нешто не си сигурен и на крајот да му дадеш шанса на соговорникот да го каже своито мислење.
# Не го наметнувај својот став!
Смислата на ставот не е да го убедиш другиот дека твоето мислење е подобро. Смислата е да бидеш уверен/а во својот став и да знаеш да го одбраниш, но и да го почитуваш туѓиот.