Нешто се крчка: Дали Шон Мендес и Камила Кабелјо снимаат трет дует?

Нешто се крчка: Дали Шон Мендес и Камила Кабелјо снимаат трет дует?

Објавена во: Stars // Музика

Двојката е видена на снимање на музички спот...

Камила Кабелјо и Шон Мендес имаа голем успех со дуетите кои порано ги снимија, а изгледа дека тоа ги поттикна да снимаат нови.

Како што јавуваат американските медиуми, двојката во понеделникот е видена на снимање на музички спот, што ги наведе нивните обожаватели да веруваат дека пристигнува уште една нивна дуетска песна.



Шон и Камила порано работеа заедно на неколку песни, меѓу кои се и хитовите: „I Know What You Did Las Summer“ уште од 2015 и „Senorita“ од 2020 година. Двојката живее заедно во карантин повеќе од една година, па затоа се мисли дкеа напишале уште една песна.

Некои пак, сепак мислам дека Шон снимал спот за својот сингл, а Камила била таму само како поддршка, заедно со кучето Тарзан.


Исто така, постои можно Камила да не сакала да биде сама дома, откако им влегоа крадци минатата недела. Тогаш некој влегол низ прозорец во нивниот дом во Лос Анџелес. Според TMZ, крадците побегнале кога сфатиле дека двојката е дома, но го украле автомобилот на пејачот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: