Нетфликс ги губи гледачите: Еден стриминг серис за првпат го надмина со бројот на претплатници
Покачувањето на цените, сѐ полошата содржина и најавата за реклами им се одбија од глава...
Нетфликс беше најпопуларниот стриминг сервис и имаше најмногу претплатници, а никој тоа не можеше да го престигне. Сѐ досега! Сега популарноста сѐ повеќе му паѓа.
Стримањето преку популарните сервиси во псоледните години стана еден од главните начини на гледање филмови и серии. Иако треба да плаќа претплата, многу луѓе се согласуваат на тоа, бидејќи секогаш имаат многу содржини подготвени за гледање кога и да посакаат. Особено ако може да ја делат претплатата со некој, па со тоа и да им се намали цената. И, овде Нетфликс го водеше главниот збор.
Беше главен, но во последно време тоа не е случај. Популарноста драстично му падна. Се појавија и други стриминг сервиси кои на гледачите им станаа подраги. Сега, за првпат Нетфликс е тргнат од тронот и нема најмногу претплатници. Го престигна Дизни+.
Дизни во последните неколку месеци доби повеќе од 14 милиони нови претплатници. Најверојатно му помогна и тоа што во нивно сопствеништво се и Hulu и ESPN+, а сега сите заедно имаат 221 милион претплатници, пишува „Daily Mail“. Нетфликс од друга страна објави дека има 220 милиони претплатници. Мала, но значителна разлика. Во секој случај доволна за да го тргне од тронот. Иако и Дизни+ најави дека ќе воведе реклами, изгледа дека таа вест беше примена многу подобро, отколку кога истото го најави Нетфликс.
фото: unsplash.com