Нетфликс го олеснува гледањето: Има нова опција која би било штета да не почнеш да ја користиш

Нетфликс го олеснува гледањето: Има нова опција која би било штета да не почнеш да ја користиш

Објавена во: Stars // Филм

Се надеваме дека наскоро ќе се воведат и коментарите на гледачите...

Нетфликс воведе нова верзија која би можела да ни го олесни изборот на филмови или серии, бидејќи сите трошиме многу повеќе време во барање, отколку што всушност трае филмот или серијата. Но, оваа нова промена би можела да ни го олесни изборот.

Нетфликс моментално е најпопуларниот стриминг сервис, но тој има и свои маани. Една од нив е дефинитивно тоа што не можеме да ја видиме оценката или рецензијата на гледачите на некој филм или серија, а тоа би ни го олеснило неговото користење.

Додека чекаме тоа да биде дополнително воведено, може да се радуваме на една нова промена што ги олесни да малку побрзо да одбреме што сакаме да гледаме. Досега можевме со еден лајк да го означиме она што ни се допаѓа, а сега тоа може да го направите со двоен лајк, односно дупли палци, како што пишува „The Verge“.

Оваа нова опција би можела да го олесни бирањето на филмови или серии, бидејќи благодарение на дуплиот лајк ќе видиме на колку гледачи им се допаѓа многу, а дури потоа може да се одлучиме дали ќе го гледаме.

фото: unsplash.com

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: