Нетфликс конечно има романтичен филм со добра оценка: Сите го фалат сценариото, но и главната актерка (ВИДЕО)
Филмот според некои е полн погодок...
Неодамна на Нетфликс излезе новиот љубовен филм „Purple Hearts“. Во прашање е романтична драма која освои многу гледачи, па поради тоа нема ни лоша оценка.
„Purple Hearts“ е романтична драма која неодамна излезе на Нетфликс, а веќе неколку дена е на помеѓу првите места на најгледани фимови. Главни ликови во оваа драма се Кеси и Лук, кои се венчаат спогодбени поради погодностите кои ќе добијат со оглед на тоа што Лик е маринец. Но, во текот на филмот сценариото во потполност ќе се промени, бидејќи Кеси и Лук ќе почнат да чувствуваат нешто повеќе еден за друг, без оглед на тоа што се венчале поради погодностите кои им ги носи бракот.
Овој филм, освен што е помеѓу најгледаните, исто така има добра оценка на Imdb. Романтичните филмови кои се полни со клишеа инаку не поминуваат добро што се однесува до тие оценки, но овој филм засега држи рејтинг од 7.1, што е релативно океј.
These two scenes from Purple Hearts were literally so beautiful in ways I cannot explain pic.twitter.com/IRFvHVMRj2
— A(YourFellowBookscout) (@yf_bookscout) August 1, 2022
Тој број сигурно ќе се менува, бидејќи филмот само што излезе, а веруваме дека ќе оди во позитивна насока со оглед на коментарите кои ги пишуваат гледачите на кои оваа романтична драма им се допаднала. Истото го потврдуваат и коментарите под трејлерот на Јутјуб, каде многумина коментираат дека филмот ги надминал нивните очекувања, но и каде ја фалат главната актерка за која сметаат дека е потценета.
фото: Принтскрин / Imdb