Нетфликс откри каква судбија ја очекува серијата „Ginny & Georgia“: Ќе добиеме ли трета сезона? (ВИДЕО)
Серијата која ги освои гледачите...
Со Нетфликс никогаш не се знае. Сериите кои луѓето ги обожаваат се откажуваат, а оние кои повеќе никој не ги гледа се снимаат од сезона во сезона. Сега открија што ќе се случи со серијата „Ginny & Georgia“.
Џина и Џорџија нѐ освоија уште со првата сезона. Иако требаше малку подолго да се почека за втората сезона, вредеше, бидејќи беше навистина добра. И што сега? Што понатаму? Ќе има ли продолжение? Чекавме и чекавме и Нетфликс сега конечно откри! Добра вест е во прашање. Пристигнува трета сезона до серијата. И тоа не е сѐ - веднаш најавија дека освен трета, сигурно ќе има и четврта сезона.
Што ќе биде понатаму, дали по четвртата ќе следува крај или постои можност за да се сними уште едно продолжение, засега не се знае. Освен што доаѓаат уште две сезони, во третата би требало да се вратат и сите актери и ликови кои беа тука досега. Нема да има промени што се однесува до тоа.
Не се знае ништо за сценариото на серијата, освен дена Џина и Џорџија ги очекуваат нови врски, нови проблеми и нови предизвици и тоа предизвици какви што досега уште не сме виделе.
Да се потсетиме, последната сезона заврши така што Џорџија е уапсена и однесена во полициски автомобил. Според ова, следната сезона би требало да биде интересна! Кога ќе пристигне, тоа не се знае, но како што изгледа, многу е веројатно дека тоа ќе се случи во 2024 година.
фото: Принтскрин / Imdb