Нетфликс повторно на удар на критичарите: Во новиот најпопуларен филм, гледачите пронајдоа неколку грешки

Нетфликс повторно на удар на критичарите: Во новиот најпопуларен филм, гледачите пронајдоа неколку грешки

Објавена во: Stars // Филм

Овој филм можеби и не е таков хит како што сите очекуваа да биде...

Новиот тинејџерски филм не ги воодушеви многу гледачите на Нетфликс. Освен тоа, некои пронајдоа и неколку грешки во него, кои очигледно ги пропуштиле оние кои работеле на него, а сето тоа сега се коментира на Твитер.

„Senior Year“ е нов филм на Нетфликс, во кој глуми познатата актерка Ребел Вилсон, позната по своите специфични улоги во серијалот филмови „Pitch Perfect“. Во филмот ја глуми Руби, а сценариото на филмот го следи нејзиниот живот, каде поради лесните повреди завршува во кома од која се буди по полни 20 години. Потоа, таа повторно се обидува да се врати во својата улога, танцувачка ѕвезда од средно училиште, но гледачите сепак не се воодушевени од оваа приказна.


Многумина сметаат дека сценариото е предвидливо и веќе видено, како во секој друг тинејџерски филм, па поради тоа доби и низа критики. Но, критиките се редеа и на сметка на некои грешки кои гледачите ги воочија во филмот. Имено, во еден дел, сценариото се враќа назад во 2002 година, кога Руби е повторно во средно училиште, дел во кој се ставени одредени песни, кои тогаш уште не биле објавени. Имено, во прашање е песната „A Moment Like This“, која е објавена во септември 2002 година, а тие во филмот ја искористиле како да се слушала во мај 2002 година.

Освен таа песна, користени се и „Sk8ter Boi“ од Аврил Лавињ, која исто така е објавена во септември истата година, а не во мај, кога е прикажано дека се слушала. Поради сите тие силни критики, филмот има неверојатно лоши рецензии, но и оцени кои докажуваат дека се нема прославено.

фото: Принтскрин / imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: