Нетфликс со полош квалитет на видео во Европа за да спречи колапс на интернетот

Нетфликс со полош квалитет на видео во Европа за да спречи колапс на интернетот

Објавена во: Stars // Филм

Нетфликс ќе го намали квалитетот на своите услуги за стриминг во Европа за да спречи колапс на интернетот поради невидено оптоварување како резултат на пандемија на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

Компанијата соопшти дека ќе ја намали брзината за сите нејзини стримови во наредните 30 дена, проценувајќи дека нивната содржина во сообраќајот на европските мрежи ќе се намали за близу 25 проценти, но ќе им обезбеди на членовите квалитетна услуга.

Најавата уследи по инструкциите на официјалните претставници на Европската унија дека Нетфликс и индивидуалните корисници да не користат снимки со висока резолуција, бидејќи претставуваат оптоварување што го доведуваат во прашање функционирањето на Интернет.

Оптоварувањето дојде откако државите ги спроведоа своите мерки за борба против ширењето на коронавирусите. Стотици милиони луѓе работат од дома, децата следат часови преку интернет, итн.

Европскиот официјален претставник Тиери Бретон, одговорен за внатрешниот пазар на ЕУ, разговараше со извршниот директор на Нетфликс (NFLX) Рид Хастингс во средата за услугите за стриминг кои ја оптоваруваат мрежата.

Бретон рече дека стриминг платформите, телекомуникациските оператори и корисниците „имаат заедничка одговорност да преземат чекори за да обезбедат непречено функционирање на интернетот додека се борат со ширењето на вирусот“.

Портпаролот на Нетфликс изјави за Си-Ен-Ен бизнис дека намалувањето може да значи дека некои корисници ќе „гледаат намален квалитет на видео“, додека други „нема да видат никаква промена“.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: