Неверојатен успех: „Лајвот“ на БТС го гледаа повеќе од 750.000 луѓе
Во неделата БТС го одржаа својот онлајн концерт во живо, а како што соопштува нивниот менаџмент, резултатите се прекрасни, бидејќи карти за овој настан купиле дури 750.000 луѓе. Со оглед на тоа дека тие беа малку скапи, барем за најголемиот дел од светот, не е изненадувачки фактот што Big Hit Entertainment е многу задоволен.
За време на настапот кој траеше 100 минути, момците поминаа низ 14 свои песни и не изоставија ниту еден период од својата 7 - годишна кариера. Она што беше посебно во врска со овој концерт е тоа што тие цело време настапуваа како група. Порталот „Variety“ објаснува дека никој од момците немал соло настапи, дури ни Суга кој неодамна објави мини албум и еден дует. Наместо тоа, просторот го предадоа дури и на песните од самиот почеток на нивната кариера, како баладата „Just One Day“, која е објавена уште во 2014 година.
Момците шоуто го отворија со „Dope“ и „Boyz With Fun“, а со обожавателите комуницираа во релано време, читајќи ги нивните коментари. Освен тоа, уште една можевме да ги слушнеме „Jamais Vu“, „Respect“, „Friends“, „Black Swan“ и други песни, а настапот го завршија со „Spring Day“, со тоа што Џеј-Хоуп ја започна песната, наместо РМ, кој тоа го прави на албумот.
Иако сите би сакале наместо овој настан, БТС да беа на турнејата која требаше да ја имаат во овој момент, многумина констатираа и дека е тажна вистина за многумина од сите 750.000 луѓе што ова можеби е најдобриот начин за некогаш да ги видат БТС во живо. Како што кажавме многу пати, тоа сепак најмногу зависи од Big Hit Entertainment и од тоа дали тие засекогаш ќе продолжат и на нашиот континент да одржуваат по неколку концерти во 3 - 4 земји, на секои неколку години. Уште еднаш, тоа не е критика за БТС, туку за луѓето кои ги планираат нивните турнеи.