Неверојатна сличност: Тинејџерка личи на Ариана Гранде и тоа го користи максимално
Тинејџерка која воопшто не се разликува од пејачката Ариана Гранде станала ѕвезда, како што вели самата, уште по самото раѓање.
На 14 - годишната Пејџ Ниман уште кога имала 10 години и рекле дека неописливо потсетува на пејачката Ариана Гранде, а по четири години и милион следбеници, таа стана позната благодарејќи на тоа што личи на неа.
Исто така и таа е од Калифорнија, а судејќи по се, Пејџ се труди со стилот и мејкапот да личи повеќе на познатата пејачка.
Како што вели, следбениците на Инстаграм не и се секогаш толку благонаклонети.
„Има фини луѓе на кои им е симпатично тоа што личиме, но повеќе сум нападната од обожавателите на Ариана кои тврдат дека ја копирам“.
Тоа не ја спречило за Ноќта на вештерките да се маскира во Ариана Гранде, а не е необично и да ги помешаат на улица.
Многумина и замеруваат што ја користи сличноста со Ариана за уште повеќе да ја имитира, па сега е во фаза кога ја губи сопствената личност и идентитет и полека станува нејзина двојничка.