Неверојатна трансформација: 15 години имала лице како старица, а потоа заминала на операција

Неверојатна трансформација: 15 години имала лице како старица, а потоа заминала на операција

Објавена во: Живот // Живот

15 - годишната девојка од Кина, која поради ретката наследна болест физички остарела прерано, конечно има изглед каков што и одговара на нејзината возраст, благодарејќи на добрите луѓе, кои собрале повеќе од 20.000 фунти за пластична операција.

На оваа тинејџерка кожата почнала да и се опушта кога имала само една година, а кога завршила средно образование, одлучила да се откаже од понатамошното школување, плашејќи се да се запознава со нови луѓе.

Но, поради упорноста на девојката и хуманоста на луѓето, младата девојка замина на операција.

Сјао Фенг на 29 декември ја оперираше тим од 10 хирурзи, 3 анестезеолози и 5 медицински сестри. Хирурзите го отстраниле вишокот кожа, која била дебела 7 сантиметри, и го оперирале носот, веѓите и устата.

Д - р, Ши Линдџи, директорката на болницата, изјави дека болницата нема да ги наплати трошоците за операцијата во износ од 56.000 фунти, а соберените 20.000 фунти ќе ги вложат во истражувања и реахабилитација на Сјао Фенг.

На конференцијата за медиумите во болницата, Сјао Фенг првпат си го видела своето ново лице. Не можеше да си ги задржи солзите додека ги прегрнуваше родителите.

Во продолжение погледнете како Сјао изгледала некогаш, како изгледа сега и како реагирале нејзините родители откако првпат го виделе нејзиното ново лице.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: