Невиден луксуз: Кајли и Кендал не штедат - за една ноќ плаќаа огромна сума на пари

Невиден луксуз: Кајли и Кендал не штедат - за една ноќ плаќаа огромна сума на пари

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатите сестри уживаа во „сувиот луксуз“ со своите пријатели во Мексико

Многу светски sвезди се најдоа на удар на критичарите за одмор во средина на пандемијата на вирусот ковид-19, но тоа не беше случај со овие славни сестри.

Американската ријалити sвезда Кендал (25) и нејзината помлада сестра Кајли Џенер (23) не дозволија глобалната криза да влијае на нивното уживање, бидејќи тие само што се вратија од одмор во Мексико, каде се обидоа да уживаат во што повеќе луксуз.

На одмор во вилата „Ocean Castle Sol de Oriente & Ocean Castle Sol de Occidente“, им се придружија пријатели, предводени од најдобрата пријателка на Кајли, Стејси Караниколау (23), со која старлетата често позира на Инстаграм.

Вилата се изнајмува за 6.500 $ за една вечер


Убавиците летаа на рајската дестинација со приватниот авион на Кајли, кој таа го купи минатата година за 72,8 милиони долари, а обожавателите не можат да поверуваат на која локација уживаа овие убавици.


Вилата има своја „кула“ со тераса која нуди неверојатен поглед на океанот и зајдисонцето. Опкружена е со огромен кружен базен „без рабови“ со поглед на океанот - кој се наоѓа пред карпа на која се наоѓа вилата.

Во дворот има отворен бар, голема градина со прекрасни палми и растенија.

Не е познато колку вкупно пари потрошиле славните сестри на овој одмор, но може да се забележи дека не штеделе и дека добро се забавувале и се ослободиле од дневните обврски што ги имаат во Лос Анџелес.

Фото: Profimedia/Инстаграм/kendalljenner/kayliejennner

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Кендал или Кајли Џенер: Која има поминијатурно бикини?

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: