Ни неговата мачка нема типично име: Дамиано ги насмеа сите кога го откри името на миленикот
Италијанскиот заводник се најде во шминкерската фотеља на познатата Ники Туторијалс, а во таа прилика откри некои интересни детали од својот живот и ја раскажа анегдотата за името на својата мачка.
Само што помисливме дека знаеме сѐ за згодниот Италијанец Дамиано Давид, сега се појави нешто ново што сите не изненади и ни потврди дека со причина ја има улогата еден од најконтроверзните личности на денешницата.
Овој пат, „Манескин“ беа гости на каналот на водителката на Евровизија и јутјуберка Ники Тутуријалс, каде одговараа на бројни прашања поврзани за нивната кариера, понатамошни планови, но и за приватниот живот.
Пособено внимение привлече Дамиано, кој Ники во оваа прилика и го нашминка, а во текот на интервјуто откри каде наоѓа инспирација за музиката која ја создава.
„Инспирација црпиме од сите бендови од 70 - тите, секако, бидејќи тие се најголем пример за она што бендот може да го направи. Но, моментално исто така многу го сакаме и Хари Стајлс - како во музичка смисла, така и во доменот на естетиката“ - кажа Дамиано.
Во еден момент Давид зборуваше и за милениците и откри анегдота за тоа како една од неговите мачки го добила името.
„Една од моите мачки се ивка Биде, по биде кое служи за подмивање на задникот. Кога ја добив, првиот ден се заглави во бидето и морав да повикам пожарникари. Дојдоа и едвај ја извлекоа мачката, а еден од нив, кога ја спасија, ми кажа дкеа морам да ја наречам Биде“ - раскажа Дамиано и додаде дека другата мачка му се вика Леголас.