Ни пристигнува сезоната на џемпери: Шик комбинација на познатата Данкинка си која сигурно нема да погрешите
Модната инфлуенсерка и една од најпопуларните скандинавски блогерки, Пернил Тејзбик прикажа еден од најдобрите есенски стајлинзи на Модната недела во Копенхаген, со кој со задоволство ќе го копираме.
Таа го имаше искомбинирано дискретниот џемпер „Шанел“ во крем бела боја со портокалово кожено, мини здолниште - боја која се покажа како еден од најжешките трендови. Мини здолништето надополнето со „Сакс Потс“ во зимски стил има посензуален и одмерен изглед.
Извор: CLAIRE GUILLON / CAMERAPRESS / PROFIMEDIAКомбинацијата на облека со дијаметрално спротивна естетика, но и ткаенини кои се совпаѓаат неверојатно добро во тој контраст, и го претставува стајлингот што е карактеристичен за познатата модна икона Алекс Чанг, а Пернил го надополни изгледот со најпосакуваните обувки оваа сезона: зашилени мокасини со „kitten“ потпетици кои доаѓаат од колекцијата на Прада за пролет / лето 2021 година.
Извор: INSTAGRAMСо првите денови од есента и забележливиот пад на температурата, ова може да биде еден од омилените стајлинзи што ќе може да го носите во разни прилики.
фото: SHUTTERSTOCK