Ника Тошиќ ѝ се обрати на јавноста и скрши многу срца: Низ ова не би смеело да помине ниту едно девојче

Ника Тошиќ ѝ се обрати на јавноста и скрши многу срца: Низ ова не би смеело да помине ниту едно девојче

Објавена во: Совети // Семејство

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќ енекое време е ѕвезда на социјалните мрежи...

Дека помладата ќерка на Јелена и Душко, Ника Тошиќ од мали нозе е посебна и своја на сите им е познато, а пејачката во повеќе наврати истакна дека отсекогаш се интересирала за спортот и науката, како и дека не е претерано воодушевена кога мора да се фотографира за медиумите. Сепак, на социјалните мрежи е малку поинаква ситуацијата. Ника е вистинска ТикТок ѕвзда. Таму редовно ја воодушевува својата армија обожаватели со интересни видеа, а едно видео посебно привлече внимание, меѓутоа со не толку убав повод.

Имено, Ника го обожава фудбалот, што и не е некое чудо ако го земеме предвид фактот што нејзиниот татко е успешен во тој спорт, меѓутоа, пред да се одлучи да тренира фудбал, таа се испробала во одбојата, каде имала прилично лошо искуство.

За што точно станува збор, популарната мајка во една прилика сподели на својот Инстаграм профил, а фактот дека тинејџерката се соочила со навреди на сметка на својот физички изглед и вишокот килограми, растажи многумина.

„Сите ме навредуваа кога почнав да играм одбојка, бидејќи бев дебела. Требаше да ослабнам. Јас ништо не им викав, бев тажна... Велев „океј“, бев на диета, ослабнав 12 килограми. Па повторно се здебелив“ - искрено раскажа помладата ќерка на Јелена и Душко во разговорот со мајка ѝ, која во таа прилика ѝ го даде најдобриот совет.

„Добро, тоа нема да го кажеш, дека си се здебелила“ - додаде Карлеуша, и откри дека нејзината ќерка ги надминала навредите, и дека среќна и задоволна продолжила по стапките на својот татко.

@dragicadragojevamakica

original sound - Dragica Krasavcevic

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: