Никогаш не би помислиле дека овој пејач завршил 3 факултети: Колку е образована балканската естрада?

Никогаш не би помислиле дека овој пејач завршил 3 факултети: Колку е образована балканската естрада?

Објавена во: Совети // School zone

Додека едни имаат универзитетски дипломи, други немаат завршено ни средно образование...

Познатите личности од српската сцена со години работеле за да дојдат до успехот кој го имаат денес. Меѓутоа, уште како тинејџери запловиле во естрадните води, што резултирало со запоставување на училиштето.

Пејачите вешто ја избегнуваат оваа тема. Помеѓу нив постојат и такви кои може да се пофалат со дипломи од престижните факултети, а голем број од нив немаат завршено ни средно образование. 

# Неда Украден

Оваа пејачка има завршено дури 2 факултети - Правен факултет во Сараево и Филозофски факултет - насока Англиски јазик и книжевност. Секогаш напоменува дека е горда на универзитетското образование, но дека кариерата ѝ одземала многу време.

# Адил Максутовиќ

Пејачот исто така може да се пофали со диплома, а завршил Правен факултет и Криминалистичка полициска академија. Покрај основните студии, завршил и мастер на Правен факултет. 

Во едно интервју, пејачот објасни дека, иако бил свесен дека музиката ќе биде негов повик во животот, не сакал да го запостави учењето. 

# Здравко Чолиќ

Миленикот на повозрасните дами дипломирал на Економскиот факултет, но, за среќа на многу негови обожавателки, сепак одлучил пеењето да му биде професија.

# Диџеј Крмак

Горан Жижак, попознат како диџеј Крмак е една од најобразованите личности од балканската естрада, има дури три завршени факултети: Правен, Филозофски и Православен богословски. Медиумите често пишуваа за тоа дека е еден од најобразованите изведувачи, но тој тоа никогаш не го демантираше, ниту пак некогаш го потврди.

# Момчило Бајагиќ Бајага

Пејачот студирал југословенска и светска литература на Филозофскиот факултет.

# Ѓорѓе Балашевиќ

На Природно-математичкиот факултет во Нови Сад, покојниот Ѓорѓе Балашевиќ дипломирал на отсекот географија. 

# Жељко Јоксимовиќ

Еден од најистакнатите српски претставници на Евровизија може да се пофали со неверојатно знаење од областа на музиката. Јоксимовиќ свири дури на 14 инструменти, а својот неоспорен талент го усовршувал на Факултетот за музички уметности во Белград, каде и дипломирал.

# Зорица Брунцлиќ

Покрај многу успешната кариера и безбројните хитови кои ги има зад себе, пејачката дипломирала на Економскиот факултет во Ниш, а се обидела да се запише на Правен факултет.

Завршиле само средно образование:

# Северина се запишала во училиште за библиотекарка, но во трета година се префрлила во Музичкото училиште „Јосип Хаџе“, кое никогаш не го завршила, бидејќи заминала на првата турнеја во Австралија. Уште на 14 години започнала да заработува како пејачка.

# Светлана Цеца Ражнатовиќ има завршено средно ветеринарно, и тоа насока - одгледување на свињи.

# Лепа Брена завршила средно училиште за туристички водич, како и Јелена Карлеуша.

# Дино Мерлин има браварски занает.

# Индира Радиќ завршила медицинско училиште.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: