Никогаш не го правете ова: Наместо туш за очи, Тејлор користела фломастери!?

Никогаш не го правете ова: Наместо туш за очи, Тејлор користела фломастери!?

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Тејлор наместо туш за очи користела фломастери!

Сите ги имаме оние моменти коа ќе се погледнеме во огледало и ќе забележиме дека нашата шминка почнала да избледува. Но, кога станува збор за една поп ѕвезда, нејзината тактика може да се каже дека е покреативна од останатите. Имено, Тејлор Свифт користела фломастери, наместо туш за очи, пишува Bustle.

Пејачката за Elle ја отвори душата и раскажала многу за своите почетоци, подеми и падови, а меѓу другото ја сподели и оваа чудна навика. Исто така признала дека порано се однесувала лошо кон својата кожа и дека никогаш не се грижела за неа, а тоа сега е променето.

„Не е сигурно да се користи фломастер како „ајлајнер“. Тоа може да предизвика инфекции, алергиски или иритирачки реакции“, кажува докторката Shari Sperling. „Тушевите за очи се тестирани во лаборатории за да бидат сигурни за користење на очите. Фломастерите не се“.

Затоа, немојте да се послужувате со оваа идеја, подобро шетајте без шминка – посигурно е.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: