Никогаш не треба да ги триеме очите, особено не со раце: Што може да се случи?
Честото и силно триење на очите може да предизвика привремено олеснување, но исто така може да предизвика низа негативни ефекти и сериозни оштетувања на очите.
Доколку имате алергија или многу време поминувате гледајќи во монитор, понекогаш ништо не може да ви предизвика уживање како кога ги триете очите. Постојат неколку причини зошто ова има терапевско дејство: триењето на очите го стимулира вагалниот нерв кој може да го оспори отчувањето на срцето и да ослободи од стресот.
Меѓутоа, пречестото и преенергичното триење на очите може да предизвика оштетувања, влошувањето на моменталната состојба или пак да го зголеми ризикот од инфекции.
Но, во продолжение погледнете подетално зошто е важно да не ги триеме очите, особено со раце.
# Може да го зголеми ризикот за настанување на болест на очите
„Хроничното триење на очите може да доведе до слабеење на рожницата и нејзино изобличување, односно појава на дегенеративна болест на кератоконус“ - вели Марк Мифлин, професор по офтамологија на Универзитетот во Јута.
Непрекинатото триење на ткивата на рожницата може да предизвика таа да се истенчи. Сериозните оштетувања доведуваат до трансплантација на рожница.
# Можете да ја изгребете рожницата
Доколку во окото ви има влезено трепка или прашинка, која ви го иритира окото, махиналната реакција е да се фатите на окото со рака. Но, тоа може да ја влоши ситуацијата. Имено, ризикувате да ја изгребете рожницата, што е состојба која сама од себе се санира за ден или два, но може и да се развие во чир доколку не се лекува, наведуваат од клиниката во Мајо. Во такви ситуации треба да се користи вода или физиолошки раствор за перење на окото.
# Може да се влоши глаукомот
Доколку веќе ви е дијагностицирана сериозна состојба на окото, со триењето може да ја влошите. Глаукомот најчесто е предизвикан од зголемен очен притисок кој доведува на оштетување на очните нерви, што на крајот може да предизвика губење на видот. Истражувањата покажале дека со триењето на очите може да се зголеми внатрешниот притисок на окото. За пациентите кои користат лекови против глаукомот, „Фондацијата за истражување на глауком“ сугерира да не ги тријат очите, дури и кога лековите предизвикуваат чешање или замаглен вид.
# Можете да го влошите видот
Кај луѓето кои имаат краток вид, триењето на очите може дополнително да го влоши и ослабне видот.
Кратковидноста или миопија е се почеста состојба во последните неколку децении. Скоро 9.6 милиони луѓе имаат висока миопија и со текот на времето нивниот вид се влошува, покажало истражувањето од 2016 година, објавено во магазинот „Ophthalmology“.
# Можете да го зголемите ризикот за инфекции на окото
Без оглед на тоа колку често ги миете рацете, на нив може да останат илјадници бактерии. Доколку со рацете ги допирате очите може да пренесете бактерија, која може да предизвика конјунктивитис или некоја друга болест, наведува „Американската асоцијација за оптометрија“. Доколку ви се зарази окото, топлите облоги може да помогнат за да го смирите.
# Може да предизвикате пукање на крвните садови во окото
Доколку често и силно ги триете очите може да дојде до пукање на тенките крвни садови во окото. Тоа може да изгледа како козметички проблем, а може да се претвори во изглед на „крвави“ очи.
# Можете да предизвикате опуштање на капакот
Доколку често и силно ги триете очите, капакот со текот на времето може да ја изгуби својата еластичност, наведува доктор Мифлин.
Прашањето е: дали постои посигурен начин за допирање на капаците? Доктор Мифлин препорачува да се користи истата јачина на стисок како кога ги тапкаме очите со крпа по миење.