Никогаш видени фотографии од семејството Ѓоковиќ: Новак како бебе, но има и фотки од венчавката на мајка му и татко му

Никогаш видени фотографии од семејството Ѓоковиќ: Новак како бебе, но има и фотки од венчавката на мајка му и татко му

Објавена во: Совети // Семејство

Мајката на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, првпат покажа досега невидени фотографии од приватниот семеен албум.

Имено, Дијана гостуваше во емисијата „Додека спијат ангелите“, на авторката и водителка Марина Савиќ. По тој повод откри низа непознати детали од семејството Ѓоковиќ.

Срѓан и Дијана Ѓоковиќ, родителите на Новак се венчале во 1986 година, по седум месеци забавување. Тие претходно се забавувале седум месеци, а се запознале сосема случајно - на скијање. Црквената венчавка ја направиле неколку години подоцна, поточно во 1992 година.


По средбата на стазата за скијање на Копаоник, Дијана и Срѓан ја започнале својата романса, а по склучениот брак, во 1987 година го добиле синот Новак, во 1991 година синто Марко и во 1995 година, синот Ѓорѓе.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од нивниот приватен семеен албум:

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: